Зимата е во полн ек во Њујорк, но едно нешто недостасува – снег. И покрај ниските температури во популарниот Централ парк на Менхетен, сè уште може да се види зелена трева, а патките пливаат во езерца кои обично се замрзнати во овој период од годината.
Според Националното метеоролошки биро, Големото јаболко нема видено снег 320 дена. За уште 5 дена метрополата ќе постави рекорд за најдолга зима во својата историја. Последното такво нешто се случи на 29 јануари 1973 година. Датумот 21 јануари 1871 година останува на второто место на ова рангирање, истакнуваат синоптичарите.
За споредба, првите 17 дена од јануари се најтопли во последните неколку децении, но според овој показател тие се на третото место.