Како правилото од 1 минута може да ви ја направи годината среќна и просперитетна – испробајте го овој трик за подобра продуктивност и исполнување на задачите!
Би можело да ве интересира: Грешки кои треба да ги избегнувате кога давате отказ
Кога ќе се наталожат незавршени задачи, обврски, амбиции, во нашиот ум може да настане „забуна“, мноштво мисли и стратегии, но и чувство дека ништо не можеме да постигнеме. Таквите чувства може да доведат до емоционално исцрпување. За да ги задржите работите во ваши раце и да ги разбистрите вашиот планер, мисли и куќа, користете го моќното правило „1 минута“.
Правилото од 1 минута е создадено од авторката и експерт за среќа, Гречен Рубин. Исклучително е едноставно, секоја задача што може да се заврши за една минута треба да ја завршите веднаш и без оправдување. Ова важи за се, од фрлање хартија во корпа, собирање на чашата од маса, до објавување на социјалните мрежи и испраќање „мејлови“. Идејата не може да биде поедноставна, но доследноста е клучна. Правилото од една минута „мора да се следи доследно ако сакате да видите резултати. А за тоа е потребна работа“, нагласи авторката Гречен Рубин. Но, таа ветува и дека резултатите вредат.
„Една пријателка ми кажа дека нејзиниот стан станал прилично уреден, без многу напор од нејзина страна. Друг пријател рече дека неговата продуктивност се зголемила; бидејќи брзо завршувал толку многу мали работи, што имал многу повеќе време за поголемите задачи“, пишува таа.
Психолозите имаат концепт наречен Зејгарников ефект кој објаснува зошто незавршените задачи постојано се враќаат во вашиот ум. Кога имаме нерешени задачи и обврски, тие се појавуваат повторно и повторно во нашиот ум. Повторувачките потсетници престануваат само кога ќе завршите задача со закажување или завршување.
На пример, за виткање на испрани чорапи трае само една минута, но помислата дека треба да ги свиткаме чорапите не прогонува цел ден. Исто така, искуството покажува дека се чувствувате многу посмирено кога ги запишувате задачите што треба да ги завршите на хартија. Нашите бескрајни ментални потсетници за мали недовршени задачи придонесуваат за многу стрес.
Правилото за една минута или 60 секунди ве охрабрува побрзо да ги извршувате полесните задачи за да го ослободите вашиот ум и време, за да можете да се фокусирате на поважни и напорни задачи без притисок. Затоа, не одложувајте ништо што ви одзема 1 минута, туку дејствувајте! Нека биде тоа ваша одлука за 2023 година и ќе ги зголемите вашите шанси за успешна и среќна година.