Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември, според податоците на Управата за статистика (МОНСТАТ), изнесувала 727 евра.
Тамошната плата била за 0,8 отсто поголема во однос на ноември, пренесува Анадолија.
Просечната бруто плата во последниот месец изнесувала 900 евра.
Во однос на ноември, просечната нето заработка во декември е зголемена во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,8 отсто, државната управа и одбраната за 2,4 отсто и услугите за сместување и храна за 2,2 отсто, пренесува biznisinfo.
Пад на просечната нето заработка во декември во однос на ноември е забележан во секторите рударство и ископување камен за 2,8 отсто, преработувачката индустрија и административните и помошните услужни дејности за по 1,7 отсто.