Во текот на овој месец (од 3 до 20 јануари) Државниот инспекторат за труд направил вкупно 236 инспекциски надзори во областа безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето.
При тоа, казнети се тројца газди и директори на фирми кои платиле глоба од по 3.500 евра, додека една фирма платила само 30 евра.
Едната фирма е казнета затоа што не правела обуки за безбедност при работењето, што резултирало и со повреда на еден вработен. Други две фирми се казнети заради необезбедување на пристап до работно место со специфична опасност. Додека, пак, една компанија платила казна од 30 евра поради тоа што во неа работници биле фатени дека не носеле заштитна опрема при извршувањето на своите работни задачи.
За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени биле вкупно 58 решенија со опомена или наредба. По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 85 контролни инспекциски надзори.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press