Персоналот во авионот објасни што може да добијат патниците бесплатно ако патуваат со авион.
Би можело да ве интересира: Зошто на патниците во авион не им е дозволено да ги менуваат седиштата?
Туристичкиот портал „Travel and Leisure“ објави листа на работи кои можете да ги добиете бесплатно на поевтин лет, т.е. економска класа, за која веројатно не сте знаеле. Стјуардесите открија што можете да добиете бесплатно на лет, се што треба да направите е да ги прашате. Колку е подолг летот, толку повеќе работи се достапни за да се обезбеди ваша удобност за време на патувањето.
Комплет за удобност
На долги летови, авиокомпаниите може да им понудат на сите патници козметичка торба со патнички влечки, маска за спиење, четка за заби и чепчиња за уши. Во тие комплети нема да ги најдете луксузните креми за раце резервирани за патници од прва класа, но сигурно ќе ви се најдат на долг лет.
Шише со вода
Секогаш можете да побарате бесплатна чаша вода на кој било лет, а често може да добиете и цело шише вода. Дали ќе го добиете или не зависи од залихата на летот, но нема причина да не прашувате.
Ќебе и перница
Без оглед на должината на летот, секогаш можете да побарате ќебе кога летате. Имено, температурата во авионот може да биде многу ниска, па ќебето е секогаш подготвено доколку на некој му лади, па само треба да прашате. Ако летате со ноќен лет, можете да побарате и перница.
Комплет за прва помош
Од сите комерцијални авиони се бара да бидат опремени со комплети за прва помош кои содржат основни предмети како што се завои, газа, антисептички марамчиња и миење рани. Доколку доживеете несреќа на летот, само треба да ја известите стјуардесата и таа ќе ви донесе се што ви треба.
Лекови
Помалку е познато дека на летовите можете да побарате и лекови за разни здравствени проблеми – од болка и треска до дијареа. Секако, тоа се основни лекови без рецепт, а ако на пример ве боли глава, можете слободно да побарате од стјуардесата апче против главоболка и не мора да трпите до слетувањето.
Слушалки
Имате понесено слушалки што не се компатибилни со уреди во авионот? Секогаш можете да побарате бесплатни слушалки, но секако треба да знаете дека оние што се достапни на летот во економска класа нема да бидат со врвен квалитет, како оние од бизнис класата што изолираат бучава.
Занимации за деца
Децата може да станат нервозни на летот и во тој случај можете да се обидете да го прашате персоналот дали има книги или боенки за нив бидејќи некои авиокомпании нудат ваков тип на забава за деца.
Дополнителни закуски и пијалоци
На кратки летови, обично не се служи целосен оброк, туку само закуски. Меѓутоа, ако сè уште сте гладни, обидете се да ги прашате стјуардесите дали можете да добиете друг пакет. Се разбира, ова исто така ќе се разликува од компанија до компанија, но никогаш не се знае. И конечно, стјуардите и стјуардесите дадоа важен совет поврзан со бесплатните пијалоци што ги добивате на летот без да ги побарате. Ако сте испиле бесплатен пијалок и сте побарале друг, погрижете се прво да го плаќате, за да не се доведете во непријатна ситуација.