Македонците најмногу одмараат во однос на другите во регионот според бројот на неработни денови во годината.
Би можело да ве интересира: Еве колку продолжени викенди ќе имаме во 2023 година!
Со вкупно 28 неработни денови во текот на календарската 2023 година, во кои се вклучени државни, верски, но и други празници, Македонија е на првото место во земјите од регионот, кога станува збор за бројот на неработни денови.
Меѓу нив се државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници во земјата, на оние припадници на заедниците кои во Уставот се наведени како конститутивни, меѓу нив Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи, анализира ТРТ.
Следуваат Црна Гора и Косово каде граѓаните имаат по 21 неработен ден поради различни празници. Според црногорскиот Закон за државни и други празници, сите празници во Црна Гора се празнуваат два дена, а неработни се и главните верски празници.
Доколку празникот се паѓа в недела, неработни се двата наредни денови. Доколку втор празничен ден е недела, неработен е првиот нареден ден. Државјаните на Косово имаат вкупно 21 неработен ден поради празниците. И во Косово, етничките заедници како неработни денови ги имаат своите национални празници кои ги празнуваат неработно.