Компанија специјализирана за финансиски услуги на имигранти направи мапа на најбарани професии на Гугл.
Можеби ќе ве интересира: Задолжителен бакшиш и во кафеаните во Македонија?
Kомпанијата Remitly, која е специјализирана за онлајн услуга за дознаки со седиште во Сиетл, објави мапа на која е прикажана најпопуларната професија во секоја земја во светот. Картата е направена врз основа на податоците од пребарувањето на Гугл од последните 12 месеци.
Според оваа мапа, не секогаш жителите на планетата сакаат да ги работат најплатените професии, што не се однесува на Македонците. Тие, според оваа мапа, најмногу се интересираат за тоа како да станат програмер.
Во светот, меѓутоа најпопуларна професија е пилот. Следат писател, танчер и Јутјубер.
За професијата писател, на пример, се интересирале граѓаните дури на 75 земји во светот. Оваа професија е најбарана во Европа. Таа е најпопуларна во Србија, Грција, Словенија, Романија, Словачка, Унгарија и балтичките земји.
Во Хрватска и Босна и Херцеговина, пак, најбарана професија е девелоперот, а Црногорците најмногу ги интересира како да се стане пилот. Турците и Австријците, пак, сакаат да станат актери.