Се очекува централата да произведува евтина енергија што ќе ги задоволи годишните енергетски потреби на околу 430.000 домаќинства.
Можеби ќе ве интересира: Словенија “плаче” по странски работници
Компаниите „Ибердрола“ и „Просолија енерџи“, кои се занимаваат со производство на соларни панели, ќе ја градат најголемата фотонапонска централа во Европа и петта најголема во светот.
Како што соопшти компанијата „Ибердрола“, за изградбата на централата е добиена и согласност од Португалската агенција за животна средина (АПА), ќе има моќност од 1.200 мегавати и ќе вработува 2.500 луѓе, а се очекува да започне со работа во 2025 година.
Соларната централа ќе се гради во општината Сантијаго де Касем во португалскиот регион Сетубал.
Електраната го добила името „Фернандо Песоа“, по познатиот португалски поет и писател.
Се очекува централата да произведува евтина енергија што ќе ги задоволи годишните енергетски потреби на околу 430.000 домаќинства.
Извор: plusinfo.mk