Можеби ќе ве интересира: 100 милиони работници до 2030 година ќе мора да ја сменат својата професија
Според новата студија на Стопанската комора на Виена, компаниите во овој град ќе имаат потреба од 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години.
Како што се наведува, потребни се сите работници, од занаетчии до оние со високо образование, техничко и високо образование. Истражувачкиот институт Makam Research испитал 925 виенски компании кои вработуваат 80.000 луѓе, соопштија преставници на Град Виена.
Повеќе од една третина од виенските компании во наредниот период ќе бараат технички образован кадар, пред се техничари и ИТ експерти. Ќе бидат потребни и околу 10.000 занаетчии.
„Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за економијата. Побарувачката уште повеќе порасна. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостатокот на квалификувана работна сила“, рече Валтер Рук, претседател на Виенската стопанска комора.
Извор: biznisinfo.mk