Министерството за индустрија, трговија и претприемништво на Косово ја забрани продажбата на масло за јадење од централна Србија, бидејќи, како што наведуваат српските медиуми, наводно не ги исполнува критериумите на просечната количина во амбалажата пропишана со сегашната регулатива.
„Извештајот за верификација на Агенцијата за метрологија на Косово, односно лабораторијата за претпакување, утврди дека маслото за јадење произведено во Србија не го исполнува просечниот критериум за количество предвиден во Регулативата 03/2020 за претходно пакувани производи“, изјавија од министерството.
Би можело да ве интересира: Стан на „Белград на вода“ чини и 2,5 милиони евра
Како што се посочува, поради ова пазарната инспекција презела мерки согласно важечката законска регулатива и му забранила на економскиот оператор, добавувачот на ова масло, да го продаде овој производ и да го повлече од пазарот во рок од 15 дена.
Српските медиуми потсетуваат дека на социјалните мрежи неодамна се појави видео, како дел од кампањата во која се повикува на бојкот на производите од централна Србија на Косово.