Владата на Хонг Конг најавила дека планира да додели 500.000 бесплатни авионски билети како дел од напорите за заживување на туристичката индустрија и привлекување посетители назад во градот.
Како се доделуваат билетите?
Дистрибуцијата на билетите ќе биде етапна: почнувајќи од пазарите во Југоисточна Азија, континентална Кина и Северна Азија, а потоа и во другите делови на светот. За жителите на Хонг Конг се резервирани околу 80.000 билети, кои властите имаат намера да ги поделат во текот на летото.
„Се надеваме дека оние кои добиле билети ќе донесат пријатели или семејство со себе“, рече Фред Лам, извршен директор на аеродромската управа во Хонг Конг.
„Сметаме дека 500.000 авионски билети ќе донесат над 1,5 милиони туристички пристигнувања“, додаде Лам. Ова е околу 10% од вкупниот број на посетители што се очекуваат во периодот на кампањата.
Како ќе се делат овие бесплатни билети?
„Ова може да се случи преку томбола, подароци во стилот „прв дојден, прв услужен“, предлагање на бесплатни „купи-и-освои“ билети или со учество во игри“, коментира Лам
Носењето маски во Хонг Конг сè уште е задолжително во јавниот превоз, како и на затворени и на отворени јавни места.
Извор: lokalno.mk