Ако веќе не сте во финансиска состојба да си дозволите Ферари, работата за компанијата Маранело може дури и да ви го овозможи тоа. Заедно со високите плати, работниците на италијанската компанија добија и бонуси за успешната 2022 година, а околу 5.000 вработени не го криеја своето воодушевување.
Како што изјави извршниот директор на Ферари, секој вработен во оваа компанија поради успешната продажба во 2022 година ќе добие бонус од околу 13.500 евра, што е за 12,5 отсто повеќе од пред една година.
Ферари продаде 13.221 автомобил во 2022 година, што е сериозен скок од 18,5 проценти во споредба со 2021 година. Што се однесува до годината што започна, веќе има потенцијал да го собори и овој рекорд, бидејќи испораките на долгоочекуваниот Purosangue ќе започнат во втората четвртина.
Би можело да ве интересира: По 5 години пензија: Колку заработуваат гејмерите од Балканот?
Според првиот човек на Ферари, побарувачката за Purosangue е исклучително висока, над сите очекувања, па поради тоа дури и нарачките се затворени бидејќи веќе има двегодишна листа на чекање.
Што треба да очекуваат купувачите на Ферари во 2023 година? Повисоки цени поради зголемените трошоци за производство и инфлацијата. Компанијата се уште е таинствена во врска со моделите кои ќе бидат пуштени во продажба во наредните месеци, а еден од нив би можел да биде кабриолет базиран на Роми. Во развој е нов суперавтомобил со мотор V12 поставен напред, но не е јасно дали наследникот на 812 ќе дебитира оваа година.
Гледајќи подалеку во иднината, Ферари е на пат да го претстави својот прв целосно електричен автомобил во 2025 година. Новиот хиперавтомобил кој ќе го наследи LaFerrari ќе дебитира во следните три години, со околу 15 нови модели кои ќе бидат претставени до 2026 година.