Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема.
Би можело да ве интересира: Голем одлив на лекари во странство: Од 7.400 спаднавме на 5.400
Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји.
Точно е дека се уште постои висока стапка на невработеност која изнесува 14 отсто и е со тренд да се намалува во наредниот период, но соочени сме и со сериозен одлив на кадар од државата. Овој тренд е присутен не само кај нас, туку во сите земји од Западен Балкан и се должи на она што се случува и во земјите од Европската унија, како Германија, Франција, Белгија, кои ги отвораат пазарите на труд, но исто така имаат и миграција на работници во трети земји.
Во нашата земја, веќе има работници од Индија кои работат во автоиндустрија и во секторот за информатичка технологија. Исто така и во делот во градежништвото имаме работници од источна Турција, а на автопатот Кичево кон Охрид каде се ангажирани работници од Кина
Има и работници од други земји. Првиот исчекор е да се движи во делот на годишните квоти. Сегашната квота е пет илјади на годишно ниво и таа бргу се пополнува. Веќе има и потреба за работна сила за одредени поголеми инфраструктурни проекти. Се смета дека бројката треба да се зголеми, најмалку двојно.
Пазарот на труд годишно бара 10 до 15 илјади места. Пред кризата стигна и до 25 илјади во една година. Но заради кризата се намали, во моментов имаме потреба за 9.000 работни места кои се бараат на пазарот на труд, но најголем дел од оние што ги има како активни баратели се со вештини и знаења кои не одговараат на потребите.
Извор: makpress.mk