Не може секаде во Германија да се плати со картичка, затоа секогаш треба да имате малку готовина при рака. Но, касиерите можат и да одбијат готовински плаќања.
Во Германија луѓето претпочитаат да плаќаат во кеш - дури и во услови на пандемија. Ова беше потврдено со истражување на давателот на платежни услуги Klarna во 2021 година. Речиси 50 отсто од испитаниците во Германија, повеќе отколку во сите други 8 земји каде што беше спроведено истражувањето, претпочитаат готовина при плаќањето. Во Шведска, на пример, тоа беше само 9 проценти.
Но, иако плаќањата во кеш се толку распространети и популарни во Германија, касиерите во супермаркетите може да ги одбијат.
Можеби ќе ве интересира: Дали Швајцарците ќе го укинат плаќањето во кеш?
Клиентите кои плаќаат со повеќе од 50 монети треба да очекуваат да бидат одбиени, бидејќи касиерите не мораат да прифатат толку многу монети по купување“.
Разбирливо, касиерите треба да одлучат дали ќе добијат поголема сума ситни пари или не.
Извор: kajgana.com