Нестле мора да плати отштета од 2 милиони швајцарски франци (2,2 милиони долари) на поранешен менаџер, откако швајцарскиот суд го потврди нејзиното барање за малтретирање додека работела во компанијата, објави весникот Tages-Anzeiger.
Јасмин Мотарјеми (67) победи на судот во Вауд, јужна Швајцарија, по 12-годишна правна битка.
Поранешната шефица на глобалната безбедност на храната се пожали дека со години се чувствувала дискредитирана и деградирана од вработените во Нестле и вели дека трпела „таква ментална тортура што морала да аплицира за инвалидска пензија на 55-годишна возраст“, се наведува во извештајот.
Таа го изведе Нестле на суд во 2011 година, откако ја завршила кариерата во 2010 година, пренесува Ројтерс.
Нејзиниот адвокат вели дека „исплатата на отштета покажала дека судот го признал барањето на нејзината клиентка, дека нејзината кариера е уништена и дека нејзиниот работодавец е целосно одговорен за тоа“.
Можеби ќе ве интересира: БОНУСИ ЗА ДАВАЊЕ ОТКАЗИ: Швајцарска банка така ќе ги мотивира шефовите за да се намалат трошоците
– Нестле мора на мојот клиент ретроспективно да му ја исплати целата сума на изгубена плата, од моментот кога договорот беше раскинат до пензионирањето – изјави Матилде Бесонет за споменатиот весник.
Мотарјеми во продолжение го изјави следново:
„Мојата тужба против Нестле никогаш не беше за пари. Сакав судот да ја признае неправдата што ми беше направена.
Пресудата е конечна и Нестле одлучи да не се жали, но не ја потврди висината на отштетата. „Искрено жалиме за речиси 12-годишниот судски спор и сакаме да ја завршиме оваа правна битка“, рече портпаролката, додавајќи дека „Нестле не толерира малтретирање и ги сфати овие наводи многу сериозно“.
Извор: biznisinfo.mk