Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Скопјани се сеќаваат на солидарноста со која Скопје беше повторно изградено, но и со сомнеж гледаат во новите градби за кои градежниците и сеизмолозите не можат да кажат дека сите се безбедни.
Страшните слики од урнатините во земјотресот во Турција и Сирија ги потсетија Скопјани на катастрофата со која се соочи главниот во 1963 година. На Денот на жалост за жртвите во Турција и Сирија тие си споменуваат како е во еден миг катастрофата може се да земе. Во земјотресот во Скопје беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош, па така Скопје стана град на меѓународна солидарност. До земјотресот во Скопје, на територијата на тогашна Југославија се градеше без проекти за сеизмичка заштита.
Што е променето оттогаш?
За безбедноста на градбите во Македонија во случај на природна непогода, како што беше земјотресот во Турција не може генерално да се каже. Државата има закони кои предвидуваат строги стандарди за сеизмичка заштита при градење, но прашање е дали и колку се почитуваат, вели за Слободна Европа деканот на Градежниот Факултет, професор Горан Марковски.
Можеби ќе ве интересира: Кранови насекаде, а кранисти нема никаде - иако платата оди и до 500 евра
„Законите во Македонија се почитуваат, но не целосно, исто како и процедурите кои што се пропишани во областа на градежништвото. Би кажал дека има одредени недоречености односно одредени пропусти во процедурите што може да резултираат и со послаб квалитет на градба од што би требало да биде“, вели Марковски.
Во однос на квалитетот на градбата професорот вели дека во последниве децении е далеку поквалитетна отколку онаа што била пред скопскиот земјотрес во 63 година, но може да биде и уште подобра преку почитувањето на сите стандарди и внесувајќи што повеќе знаења во сите чинители на градбата .
„Ако сепак се обидам да направам еден осврт на тоа каква е градбата во Македонија не би можел да кажам дека градиме лошо, напротив има квалитетна градба но има простор за нејзино подобрување и она на што треба да делуваме е девијантните појави навреме ги спречуваме за да не станат пракса во градежништвото.
Целиот текс прочитајте го на slobodnaevropa.mk
Автор: Ивана Стојкова