Свети Валентин, празникот на љубовта во последните две децении како празник на љубовта и заљубените масовно се одбележува и кај нас.
И покрај тоа што овој празник се празнува почесто кај помладата популација и постарите знаат да ги изненадат своите партнери со букет цвеќе, бонбониера, шише вино.... Се купуваат најразлични подароци, но најчесто букет цвеќе. Цената на еден букет од три црвени ружи чини 750 денари.
Поради инфлацијата и повисоките трошоци на трговците и производителите, поскапеа производите за Свети Валентин.
Во продавниците каде се продаваат подароци кои укажуваат на љубов како цвеќиња, мечиња, балони, чоколади и парфеми… можеа да се забележат гужви кои другите денови ги нема, пренесуваат од vecer.press
Освен во специјализираните продавници подароци за Свети Валентин, има и во сите поголеми маркети, каде што цели штандови се наредени со мечиња, балони, рамки за слики, бонбониери и најразлични пијалаци.
И во другите продавници, каде што се продаваат подароци за Свети Валентин, велат дека има најразлични подароци, а цените се движат од 100 денари па нагоре. Велат дека цените за разлика од лани се зголемени за околу 20 отсто. Така, на пример, најевтино може да си поминете со бонбониера во форма на срце која чини 100 денари.
Инаку, Свети Валентин е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување подароци, а некои од паровите излегуваат на вечера и така го прославуваат Денот на вљубените.
Свети Валентин се прославува насекаде во светот, а традиционално, црвените рози остануваат најбарани за околу 80 до 90 отсто од дамите. Неколку недели пред 14 февруари, милиони рози тргнаа од големите светски оранжерии до пазарите, а испораките се барем 5-6 пати поголеми од стандардните.
Целиот текст можете да го прочитате на: vecer.press