
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија.
Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска Форд.
Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три години, а засегнати се и административните места.
Би можело да ве интересира: Мета подготвува нов бран отпуштања
Во моментов, околу 14.000 луѓе работат за Форд во Келн и околу 200 во истражувачкиот центар во Ахен.
Вон Германија и Британија, во Европа ќе бидат укинати 200 други работни места.
Како што пренесе ДПА, Форд е во состојба на пресврт, и релативно доцна се префрлува на електрични возила.