Ширум светот 14 февруари се слави како Ден на вљубените, а како што вообичаено се случува, за потеклото на овој празник се поврзуваат неколку теории и легенди, а најпозната и најраспространета е онаа за еден епископ кој бил погубен поради тајни венчавки.
Обичаите на изразување љубов, размена на подароци, споделување заеднички моменти се карактеристиките на празникот со кој денес се слави љубовта. Најраспространета легенда за потеклото на овој празник секако е онаа на Свети Валентин, кој го загубил животот поради „борбата за љубов“.
Епископот Валентин бил убиен во 269 година поради тајно венчавање парови, што било против царската забрана. Меѓу христијаните, тој почнал да се почитува како светец во IV век, но дури во XV век почнал да се поврзува со празникот на љубовта. Оттогаш луѓето го слават како заштитник на заљубените.
Можеби ќе ве интересира: Свети Трифун или Свети Валентин?
Постои уште една теорија поврзана со потеклото на самиот празник, а таа е поврзана со Католичката црква. Се тврди дека Католичката црква одлучила празникот Свети Валентин да се одржи на средината на февруари во обид да ја христијанизира паганската прослава на Луперкалија.
Луперкалија бил фестивал на плодноста посветен на римскиот бог Фаун, како и на римските основачи Ромул и Рем. Фаун бил бог на полињата и заштитник на стадата од волците. Бил грд рибар кој во една прилика ја пренесол Венера преку водата и таа му се оддолжила така што му ја вратила младоста, т.е. го претворила во убаво момче. Подоцна, во него се вљубила поетесата Сафо.
Симболот на Денот на вљубените е и древниот римски бог на љубовта Купидон, кој често е прикажан како држи лак и стрела, бидејќи се верува дека кого и да го погоди со својата магична стрела веднаш ќе се заљуби.
Како една од главните карактеристики на прославата на Денот на вљубените е размената на подароци, со текот на времето чоколадото и црвената боја станале симбол на овој празник.
Какаото, основната состојка на чоколадото, за прв пат добило општествено значење во Америка, каде што се користело за ароматизирање на храната и правење пијалаци околу 2000 година п.н.е.
Викторијанците дефинитивно го воспоставија чоколадото како храна на романтиката, особено за Денот на вљубените. Чарлс, војводата од Орлеан, ја напишал првата позната љубовна песна за Денот на вљубените во 1415 година додека бил затворен во Лондонската кула.
Ричард Кадбари е основач на истоимената британска компанија за чоколади Cadbury. Во 1861 година, Кадбари дошол до идеја да ја стави робата на неговата компанија во кутии во облик на срце во пресрет на 14 февруари. И откако чоколадите одамна се изеле, заљубените девојки ги чувале своите спомени во кутиите со чоколади на Cadbury.
Во Америка и мажите и жените си купуваат чоколадо на Денот на вљубените, но во Јапонија се очекува жените да купуваат чоколадо за својот сакан.
Интересно е што во Обединетото Кралство на овој празник најчесто им се подарува на децата, додека во Финска се слави како Ден на пријателството.
Извор: kajgana.com