Ако планирате да купите еден од овие користени автомобили, внимавајте
Враќањето на километражата е најчестата и една од најсериозните измами во трговијата со половни автомобили. Помалку километри на километражата значи повисока продажна цена и со тоа поголема добивка за продавачот, но и одредена загуба за купувачот.
Тоа е практика која може многу да го чини клиентот. Покрај тоа што ја отвора можноста за некои нови поправки, вредноста на автомобилот редовно е значително помала од платената. Според официјалните информации од институциите на ЕУ, загубите поврзани со измами со километражата се проценуваат на 8,77 милијарди евра годишно.
Ова е ризик кој треба да се земе предвид, а особено треба да бидете внимателни кога купувате некои модели на автомобили. Во најновата студија, заснована на 1,11 милиони извештаи за историјата во изминатите 12 месеци на 24 пазари што ги покриваат САД и поголемиот дел од Европа, компанијата за проверка на историјата на возилата carVertical ги категоризираше поединечните модели според фреквенцијата на измами. Треба да се има предвид дека помалку од 1 процент од пријавите се од САД.
Би можело да ве интересира: Што ќе биде со ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО 2023
Секој трет Audi A8 има вратена километража
Истражувањата покажаа дека автомобилот со најчесто вратена километража е луксузниот седан Audi A8. Од сите Audi A8 проверени на платформата, 30,6% од нив имале лажна километража, што значи дека кај речиси секој трет користен А8 е враќана километражата. Меѓу нив, најчесто вратена километража имало на модели произведени во 2011, 2012 и 2014 година.
Дури 6 од 10 автомобили со најчесто вратена километража биле скапи германски премиум модели како Audi A7, BMW X5, BMW Серија 7 и Volkswagen Touareg. Нивната висока цена овозможува голем профит, додека нивната голема популарност обезбедува брза продажба, па не е чудно што овие модели се омилени меѓу измамниците.
Меѓу моделите на другите производители на листата на автомобили со најчесто вратена километража се Ford Mustang на 2 место (25,7% примероци), Volvo XC70 на 14 место (21,1% примероци) и Opel Insignia на 19 место (19,5% примероци).
Километражата се враќа и на електричните автомобили
Со зголемената популарност на електрифицираните автомобили, сè почесто се среќаваме со примери со намалена километража и во овој сегмент. И тоа може да биде многу опасно.
Доволно е да се потсетиме на високата цена на замена на батерии, која често е поскапа од најскапите услуги на автомобили со конвенционален погон.
Уделот на електричните автомобили со намалена километража на CarVertical е 14,6 отсто, што е многу блиску до уделот на автомобилите на фосилни горива, кој изнесува 15,6 отсто.
Текстот е превземен од kajgana.com