Цените на се , суровините, енергенсите, исхраната, вртоглаво растат, па дури и возењето на електричен автомобил станува се поскапо…
И не само тоа, според последните информации во Западна Европа, возењето на електричен автомобил во некои случаи станува поскапо во споредба со возење на автомобил што како гориво користи бензин.
Така, белгискиот магазин Knack истакнува дека денес е поскапо да се помине 100 километри со електричен автомобил отколку во модерен автомобил со класичен мотор на внатрешно согорување што за погонско гориво користи бензин.
Претпоставката дека електричен автомобил троши во просек 20 kWh/100 km, а со сегашните цени за полнење од 0,62 евра/kWh, испаѓа дека за да се поминат 100 km во електричен автомобил ќе треба да се платат 12,4 евра пренесуваат информативните агенции во регионот.
Можеби ќе ве интересира: ЕУ забранува автомобили на бензин и дизел после 2035 година
Од друга страна, споредлив автомобил што за погонско гориво користи бензин троши во просек 6 l/100 km, што со сегашната цена на горивото од 1,68 €/l е поевтино од користење на електрично возило и изнесува 10,08 евра на поминати 100 km. Во исто време, белгискиот магазин предупредува дека ситуацијата е уште полоша за сопствениците на електрични автомобили доколку се полнат на брз DC полнач, бидејќи тогаш цената на испорачаниот kWh се покачува на дури 0,74 евра, односно на 74 евро центи..
Откако ќе се наполни батеријата, важно е да го поместите, односно да го тргнете автомобилот од полначот. Во спротивно, се плаќа казна од 1,8 евра/ч, но дури и 15 евра/ч на брзи полначи. Што да се каже дека од овој аспект на цената и потошувачката на енергенсите иднината на електричните автомобили, колку и да се истите пријателски настроени кон природата (иако и тоа се повеќе се става под знак на прашање) не делува премногу светло.
Но да почекаме и за тоа конечна оцена, како и за се во животот, да даде времето.
Извор: avtoklub.mk