Веќе шеснаесетти ден во 10 и 30 часот, возот од Битола се обраќа до Жабени по пругата која е ставена во функција по 36 години пауза.
Се до потпишувањето на меѓународниот договор со грчките железници, битолчани сè уште ќе живеат со надеж дека во Лерин на шопинг и по гиро ќе одат со воз. Засега најголема разочараност кај извозно – увозно ориентираните компании кои требаше да ги скратат трошоците со поврзувањето со солунското пристаниште...
Очекувањата големи, задоволствата нецелосни, иако на почетокот од месецов по 36 години пауза, тргна возот кон грчка граница, битолчани ќе почекаат на задоволството на шопинг во Лерин да одат со воз. Веќе шеснаесет ден по 4 години од обновената железничка линија возот се обраќа само до станицата Жабени.
Дел од денешнава тура и екипата на МТВ. Сликата слична на претходните денови. Во делник, вагоните со едвај по некој патник, околните села . Поголема гужва има за викендите, кога радозналоста ја задоволуваат децата и дел од граѓаните вели, машиновозачот Јосиф Димишковски.
Од актуелната состојба разочараноста најголема кај увозно извозните компании, велат поврзувањето со солунското пристаниште, ќе ги намалеше транспортните трошоци за над 40 насто.
Првиот човек на битолската печатница апелира, овој вакуум простор да се искористи за доопремување на нашата главна станица.
Инаку проектот за обнова на пругата кој го следеа низа прекини чинеше околу 17 милиони евра, од кои шест беа обезбедени од ИПА фондовите а 11 милиони од буџетот.