Парламентот на Шпанија усвои закон за платено менструално отсуство, со што оваа земја стана прва во Европската Унија што донесе ваква одлука.
Според шпанските медиуми, нацрт-законот усвоен од Парламентот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, кои вклучуваат дозволување на секој на возраст од 16 или повеќе години да абортира или да го промени полот.
Во однос на менструалното отсуство, жените со болни менструации ќе имаат право на тридневен менструален одмор со можност за продолжување на пет дена.
Можеби ќе ве интересира: Во недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи
„Ова се однесува на луѓе кои имаат менструални циклуси кои можат да предизвикаат грчеви, гадење, вртоглавица, па дури и повраќање“, се објаснува во одлуката.
За ваков вид отсуство ќе биде потребна лекарска потврда во Шпанија, додека системот за социјално осигурување ќе ги покрие сите трошоци.
„Законот вели дека новата политика ќе помогне во борбата против стереотипите и митовите кои сè уште се поврзани со менструацијата, кои го попречуваат нормалниот живот на жените“, се вели во извештајот.