
Во светот има околу 150 милиони стартапи и годишно се отвораат повеќе од 50 милиони нови, но истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 отсто од нив престануваат да работат во првата година.
Стартапите во Централна и Источна Европа се повеќе го привлекуваат вниманието на инвеститорите ширум светот, велат од Мајкрософт и наведуваат дека прогнозите покажуваат дека вредноста на стартапите е зголемена за 19 пати во последните 10 години, а регионот „родил“ 19“ еднорози“. (стартап компании чија вредност се проценува на повеќе од една милијарда долари).
Можеби ќе ве интересирa: Работата е целосно легална, а може да се заработи и до 100 илјади евра годишно
Како што се наведува, развојниот пат на стартапите е непредвидлив и полн со неизвесност, а за да опстанат, покрај капитал и инвестиции, потребни им се соодветни вештини, искусни ментори, можности за вмрежување, полесен пристап до светските пазари и корисници.
„Стартапите ги поттикнуваат иновациите и напредокот во секој сегмент од економијата преку решавање на предизвиците или измислување нови начини на работа. Тие ја водат дигиталната трансформација на традиционалните индустрии и играчите на пазарот, со што се создава континуиран циклус на развој на таленти и, следствено, повеќе можности за вработување“, рече Алфредо Џанатасио, регионален директор за маркетинг и операции за регионот на Мајкрософт со повеќе земји.
Балтичкиот регион се смета за дом на некои од најголемите европски стартапи, а Естонија води на патот.
Извор: biznisinfo.mk