
Холандскиот тур-оператор „Корендон“ кој располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.
Засега е предвидено авионите на компанијата повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември.
Покрај Охрид како дестинација од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ авиони на „Корендон“ престојната туристичка сезона ќе летаат уште и за Крит, Закинтос, Родос, Анталија, Бодрум и Бургас.