Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствува на отворањето на Меѓународниот саем за оружје IDEX, на кој учествуваат и претставници на Република Србија.
Вучиќ во разговор со српските производители апелирал да купат пет пати повеќе материјал од тоа што им е потребното, бидејќи светот страшно се вооружува.
- Основната плата ќе биде 220.000 динари за специјалци и возачи на тенкови уште од првиот ден, затоа ги повикувам сите што поскоро да се пријават. Ги повикувам младите да се пријават на конкурсот. Мислам дека пристигнаа голем број на барања - посочи Вучиќ.
- Секој од нив ќе добие повеќе од 250.000 динари, со дежурства и слично - вели Вучиќ и додава дека „никој нема да може да преживее ако нема силна војска“.
Претседателот Вучиќ во разговор со српските производители упати апел до нив да купат пет пати повеќе материјал од тоа што им е потребно, бидејќи светот страшно се вооружува, пренесува Б92.
- Сите очекуваат, а и јас, дополнителен развој на проблемот во наредните денови, недела - вели Вучиќ.
Како што вели, Србија мора да ја имам најдобрата и најсилната војска, инаку ништо нема да не спаси.