Луѓето на глобално ниво ќе консумираат поскапа храна.
Цените на намирниците и натаму ќе растат. Најголемата групација за производство на храна на планетата, Нестле, тврди дека цената на основните прехранбени производи годинава дополнително ќе се зголеми.
Швајцарската компанија минатата година ги покачи цените во просек за 8,2 отсто, но смета дека тоа не е доволно. Енергетската криза поради руската инвазија на Украина може да доведе 141 милион луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, се наведува во извештајот што го објави списанието Nature Energy.
Извор: faktor.mk