Вкупниот долг на домаќинствата надмина 16,9 трилиони долари
Дека кредитните картички се „меч со две острици“ знаат сите кои се „заплеткале“ во ратите или барем еднаш претерале со купувањето и трошењето, а има само неколку на кои тоа никогаш не им се случило.
Работата, логично, станува уште полоша во деновите на криза. Од една страна, луѓето имаат потреба да штедат и да го „стегнат ременот“, но трошоците понекогаш се толку високи – што нивните желби и планови лесно паѓаат во вода.
Така, Американците, според сите проценки, искрено претераа. Долгот на кредитните картички на американските граѓани порасна за речиси трилион долари во четвртиот квартал од 2022 година, објави Банката на федерални резерви на Њујорк во својот квартален извештај за долгот на домаќинствата, објавен во четвртокот, како што пренесе RT.
Според достапните податоци, салдата на кредитните картички на нацијата скокнала за 61 милијарда долари на 986 милијарди долари во последните три месеци од годината, што е рекордно високо ниво во целата историја на „мерењето“ од 1999 година.
Би можело да ве интересира: КАРТИЧКА ИЛИ КЕШ – Како се штеди повеќе?
Вкупниот долг на домаќинствата во САД надмина 16,9 трилиони долари.
Властите го припишуваат овој пораст на задолжувањето на „тврдоглаво“ високите потрошувачки цени, силната потрошувачка и постојаното зголемување на клучните каматни стапки, кои доведоа до речиси 20% повисоки каматни стапки на кредитните картички.
Забележано е и дека клиентите на банките почесто ги одложуваат отплатите на кредитите, што според мислењето на истражувачот на ФЕД е „загрижувачко“.
Сегашната бројка за салда на кредитни картички е голем пресврт од 2020 година, кога американските потрошувачи го плаќаа својот долг користејќи пари од стимулации - добиени за време на заклучувањето на „Ковид-19“ - и ги намалуваа нивните целокупни трошоци, како што се патувањата, поради пандемијата .
Тоа доведе до намалување на состојбата на кредитните картички на 770 милијарди долари на почетокот на 2021 година, во споредба со 890 милијарди долари во истиот период во 2020 година. Севкупно, долгот на американските кредитни картички порасна за 130 милијарди долари минатата година, што е најголем годишен пораст досега.
Аналитичарите очекуваат Федералните резерви да усвојат уште неколку зголемувања на каматните стапки оваа година, што ќе ги зголеми трошоците за задолжување со кредитни картички.