Цените за сместување на Хрватското Приморје во последниве три години се покачиле за 30 насто.
Такам куќа со базен се изнајмува за 400 евра дневно, а оние што изнајмуваат станови, лани ги качиле цените просечно за 15 до 20 насто, со образложение дека треба да ги надоместат трошоците што им се наметнати.
Студио за две лица во центарот на Сплит во 2021 година чинеше 100 евра, лани 150, а оваа сезона се очекува да стигне и до 170 евра. Исто така, и цените за хотелско сместување се повисоки за 15 до 20 насто како резултат на поскапите електрична енергија и вода. Иако хотелиерите на приморјето ги приспособија цените, сепак, стравуваат за пополнетоста.