Владата на денешната 131-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари, која ќе почне од 27 месецов.
– Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24 февруари, а е препорачано деловните банки да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година, информираат од Владата.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
- за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
- за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).
Владата, на денешната седница, ја разгледа и прифати и Информацијата со предлог мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите од јавниот сектор, со цел градење отпорност во нивната заштита, известуваат од владиниот прес-центар.