Според Светската здравствена организација, во светот има околу 200 милиони кучиња скитници. Импресивно е што Холандија не е дел од оваа статистика – таа стана првата земја во светот без кучиња скитници уште во 2016 година.
Би можело да ве интересира: Искуство од Германија: Како да се реши проблемот со кучињата скитници?
-Холанѓаните ги сакаат своите миленици – ги возат во корпи за велосипеди, повеќето кафулиња и ресторани се отворени за кучиња, а можат да се возат и со јавен превоз по поевтина цена, пишува index.hr.
Сопственикот на куче порано беше статусен симбол во Холандија. Меѓутоа, избувнувањето на беснило во 19 век предизвика страв од зараза, што доведе многумина да ги напуштат своите миленици. Во тоа време, холандската влада воведе и данок за кучињата (hondenbelasting) во обид да го регулира бројот на кучињата скитници во Холандија.
За жал, тоа имаше спротивен ефект: имаше уште повеќе кучиња скитници бидејќи многу луѓе повеќе не можеа да си дозволат (или не сакаа да платат) да ги чуваат своите миленици.
Во 1864 година, основано е Холандското друштво за заштита на животните, првата државна агенција за заштита на животните. Еден век подоцна, стапи на сила Законот за заштита на животните.
Законот наведуваше дека е забрането сопственикот да злоупотребува какво било животно. Се казнува со затворска казна до три години и парична казна од 16.750 евра.
Но, како Холандија успеа да го искорени проблемот со кучињата скитници?
Холанѓаните започнаа CNVR (Собери, кастрирај, вакцинирај и врати), национална програма за стерилизација финансирана од владата.
Светската агенција за заштита на животните смета дека ова е најефективниот начин за борба против кучињата скитници, што се докажа и со холандскиот пример, бидејќи оваа европска земја во 2016 година беше прогласена за земја без кучиња скитници.
Холандија, исто така, формираше „полиција за животни“ која се занимава со злосторства против животните и спасува животни во неволја. Се проценува дека секој петти Холанѓанец има куче.