Српскиот метеоролог Марко Чубрило најави дека до викендот се очекуваат пролетни температури, а потоа седдува засилено заладување со пообилни врнежи, а снег освен на планините може да има и во низините, особено над северните, централните и западните делови од регионот.
Малку потопло време пристигнува на почетокот на март, а по 5 март можно е ново заладување.
– Во текот на следните два дена постепено ќе се зголемува облачноста, па локално ќе има послаби врнежи од дожд или врнежи, но ќе доминира суво време. Останува релативно топло со дневни максимални кои генерално ќе се движат од 10 до 17 степени Целзиусови. Во петок полето на антициклонот ќе се придвижи кон Велика Британија, што ќе овозможи движење на силен студен фронт од скандинавската област кон Балканот. Во исто време, слаб секундарен циклон над централниот Медитеран полека ќе зајакнува и ќе се приближува до нашиот регион – посочува Чубрило.
Би можело да ве интересира: Нередовно чистење и неквалитетни дрва најчеста причина за потпалување на оџакот во куќата
– Засега се чини дека најмногу снег би добиле планинските делови на Горски Котар во Хрватска, западните и централните делови на планинската БиХ, северот на Црна Гора и крајниот запад на планинската Србија, а таму во областите на надморска височина од 800 метри, може да падне нов снег од 20 до 35 сантиметри. Снег може да има и во низините на северна БиХ, источна Хрватска, Војводина, Шумадија и западна Србија, а може да се акумулира од два до 10 см снег, во зависност од интензитетот на врнежите и временската рамка кога ќе се појават, посочува метеорологот.
Сумирано, се доближуваме до задоцнет налет на зимско време, кое освен во планинските предели, може да донесе снег и во низините, особено над западните, централните и северните предели на регионот, смета метеорологот Чубрило.