Американскиот технолошки гигант Мета планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура.
Мета, која ги поседува платформите Фејсбук и Инстаграм, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници.
– Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои работници на кои ќе им се сменат функциите да поднесат отказ, со што дополнително ќе се намали работната сила.
Би можело да ве интересира: Жените лидери ја напуштаат Силиконската долина со рекордно темпо: Дали знаат нешто што другите не знаат?
Намалувањето на проектите и поделбата на трудот ширум светот ќе се случи во следните неколку месеци и нема да се случи одеднаш, според весникот.
Во ноември минатата година, извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, објави отпуштање на повеќе од 11.000 работници.
Извор: biznisinfo.mk