Европскиот авијациски концерн Ербас објави дека годинава планира да отвори 3.500 нови работни места во Германија и дека повеќе од половина од новите работници ќе бидат вработени во производство на цивилни авиони.
Ќе бидат потребни околу 1.900 работници во производството на цивилни авиони, 1.100 во воениот и вселенскиот сектор и околу 500 во фабриката за хеликоптери, изјави во средата директорот за човечки ресурси на групата, Марко Вагнер.
Би можело да ве интересира: 11-годишното девојче што заработува 120.000 евра месечно се повлекува од бизнисот: Сега ќе се посвети на нешто друго
Најпотребни ќе бидат електричари, механичари и монтери на кабини, како и ИТ специјалисти, експерти за сајбер безбедност и програмери за горивни ќелии и хибридни погонски системи, рече тој.
Компанијата ќе вработи околу 1.300 надворешни вработени во Хамбург, рече Вагнер.
Тие ќе вработат 500 во Донавуерт и Манхинг, 300 во Отобрун, 250 во Норденхем, 130 во Фридрихсхафен/Именштад и по 100 во Бремен и Стад, додаде тој.
Извор: biznisinfo.mk