Студијата објавена од компанијата Remitly откри дали луѓето сè уште бараат сигурна, долгорочна опција за кариера или работа каде што ќе можат редовно да патуваат и да ги развиваат своите креативни таленти и страсти.
Со помош на студијата дошле до заклучок кои кариери се најпопуларни, односно која професија се смета за работа од соништата во различни земји.
За да дознаат, тие ги разгледаа податоците од глобалните истражувања за да откријат кои се работните места од соништата во секоја земја во светот. Тие истражувале што луѓето најчесто бараат кога се работи за работа. Се покажа дека на глобално ниво убедливо најинтересно е занимањето пилот, со вкупно над 930 илјади пребарувања за тоа занимање. Најзаинтересирани да станат пилот биле жителите на Канада, САД, Велика Британија и Австралија. На второ место е професијата писател/автор, а на трето танчар/ка.
Мапата покажува дека професијата програмер е работа од соништата за граѓаните на Македонија, исто како и во БиХ, но и во Хрватска.
Професијата програмер била пребарувана 125.310 пати во светот. Од друга страна, во Словенија, Унгарија и Србија најпопуларна професија е писател/ка. Црногорците најмногу сонуваат да станат пилоти.
Извор: kajgana.com