Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против С.Ц.(60) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување јавни инсталации“.
Би можело да ве интересира: ЕВЕ КОИ СЕКТОРИ ИМААТ НАЈМАЛИ ПЛАТИ!? Треба да работат четири месеци за да земат колку најплатените работници
На 26.12.2022 на ул.„Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, при ископ на шахта со рачна работна машина ја оштетил подземната инсталација за јавна употреба на енергија, сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје, со што ставил вон употреба 14 дистрибутивни трафостаници за струја, односно без енергија оставил повеќе витални објекти, како и поголем дел од населението на Крива Паланка на подолг временски период.