Тетовските села Сараќино и Фалише речиси еден месец се без вода за пиење.
Јавното комунално претпријатие Тетово не успеа да го лоцира дефектот на водоводниот систем кој зема вода од шарските извори оти за него немаат документација. Моментално во функција е ставен стар бунар кој не ги задоволува потребите на мештаните. Се планира изградба на нова пумпна станица, со цел конечно решавање на проблемот со водата за пиење...
Бушотината за новата пумпна станица во село Фалише е ископана. Од Центарот за јавно здравје, Тетово веќе вршат анализи за исправноста на водата. Се надеваат на квалитетна вода, која ќе ги задоволи и количински потребите на двете села.
Би можело да ве интересира: Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода за пиење
Моментално е пуштен во функција стар бунар, чија вода која не е доволна, се препорачува да се користи како техничка, се до добивање на конечните резултати. Од ЈКП Тетово се надеваат дека новата пумпна станица наскоро ќе биде изградена, но се работи за процес со цел да се добие чиста вода за пиење.
Паралелно како што посочи Шаќири, сè уште се работи на лоцирање на дефектот на постојниот систем, кој зема вода од шарските извори. Се работа за водоводна траса за која нема проект долга до селата и до 12 километри, што го отежнува решавањето на проблемот.