Работниците ќе примаат повисок минималец идниот месец. Минималната плата од март ќе изнесува 20.175 денари.
Вицепремиерот за економски прашања вели дека се прават последните пресметки и дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се прi крај со пресметките. Во согласност со законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума.
Би можело да ве интересира: ЕВЕ КОИ СЕКТОРИ ИМААТ НАЈМАЛИ ПЛАТИ!? Треба да работат четири месеци за да земат колку најплатените работници
„Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20.175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори“, рече Битиќи.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани, изнесувала 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, пораснала за 14,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Дознај ја платата за твојата работна позиција во било која индустрија во Македонија, само со еден клик на MojaPlata.mk