Потребно, ама тешко остварливо, вака повозрасните штипјани на терен одговараа на прашањето дали граѓаните може да си дозволат да заминат барем неколку дена на зимски одмор.
Главен проблем за ова се примањата велат штипјани, некој ако има пари може и ќе си дозволи, но поголем дел од граѓаните се со минимални палти и пензии, па одењето на одмор во текот на зимската сезона не се ниту става на списокот за работи кои треба да се реализираат.
За разлика од денеска, пред неколку години или во време на Југославија ситуацијата била многу поразлична. Тогаш се одело на одмор и во лето и во зима, велат граѓаните додавајќи дека имале доволно финансиски средства и можност за одмор.
Би можело да ве интересира: ЛЕТУВАЊЕ ИЛИ ЗИМУВАЊЕ: Што преферираат македонските граѓани?
„Не знам, кој како. Убаво е зимно време дека има снег да се отиде на одмор. Убаво е, ама сѐ зависи од примањата, зависи од тоа кој колку пари има“
„Порано за време на Југославија, одевме секаде, имавме бенифици, секој можеше да отиде. Тоа време не се враќа“
Високиот степен на инфлација, покачените цени на сите производи се проблем за штипјани кои велат дека не можат со примањата да ги покријат основните потреби за живот, и да го поминат месецот од први до први, а не да планираат одмор двапати во годината.