Пари за свињарските и живинарските фарми
Свињарските фарми кои годинава ќе одгледуваат најмалку 5 приплодни грла ќе добиваат по 1.000 денари за секое животно. За продадена гоеница во регистриран кланичен капацитет следуваат исто така по дополнителни 1.000 денари кои ќе се намалуваат доколку се работи за поголем број животни. За живинарските фарми остануваат истите финансиски мерки...
По 1.000 денари за грло ќе добијат сточарите кои одгледуваат женски приплодни маторици и кои поседуваат минимум пет свињи. Услов е тие да бидат чувани најмалку до 30-ти ноември 2023-та година. Право на финансиска поддршка имаат и земјоделските стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022-ра до јануари 2023-та година во регистриран кланичен капацитет.
Би можело да ве интересира: Кога ќе е врати евтината струја?
Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари. Бројот на животни се пресметува скалесто, а субвенцијата за 5 до 5.000 свињи е 100 проценти, до 15.000 е 80 и над 15.000 е 40 проценти.
Во живинарството за одгледани, продадени или заклани бројлери во преработувачки капацитети од октомври 2022-ра до септември 2023-та година се добива по 40 денари за пиле. За амортизирани несилки заклани во кланични капацитети во периодот од 1 октомври 2022-ра до 30 септември 2023-та година можат да се добијат по 120 денари за несилка.
За земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлери од октомври лани до септември оваа година, субвенцијата е 10 денари по пиле.