Паричната награда од 5.000 денари не го решава недостатокот на работници во текстилниот сектор.
Менаџерскиот тим на две светиниколски конфекции „Мода“ и „Камотекс“ на своите работници решија да им дадат по 5.000 денари за донесен нов работник. Ангел Димитров, менаџер на „Мода“, вели дека има заинтересирано работници, но станува збор за работна сила која не е квалификувана за шиење на машина.
Димитров вели дека проблемот со недостиг на работна рака да го решаваат на покреативен начин, еден од начините е исплата и на К15 над законскиот минимум. Жителите на Свети Николе велат дека проблемот е тоа што младите им заминале во странство.
Компаниите во ТИР зоните претставуваат сериозна конкуренција на македонските компании, но оттаму сметаат дека платите веќе се изедначени. Македонските текстилни работници се со просечна старост од околу 50 години, а во Овчеполскиот регион за, речиси, 19 години се иселиле околу 3.500 граѓани.