Според Законот за работни односи, право на користење на регрес за годишен одмор имаат оние вработени кои имаат остварено минимум шест месеци непрекинат работен стаж во тековната година, неовисно дали вработениот е пријавен на определено или неопределено време. Доколку работодавачот не го исплати предвидениот регрес на сите вработени кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, може да добие парична или затворска казна.
Доколку сте пријавени на 20 часа, односно пола работно време, вас ви следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор и исплата на половина износ од утврдениот регрес. Во случај доколку сте пријавени на цело работно време, ви следуваат најмалку 20, а најмногу 26 работни дена годишен одмор и исплата на целиот износ за регрес.
Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата, односно минималниот износ изнесува најмалку 40% од висината на прсечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата. Вработените во приватниот сектор до крајот на годината ќе добијат К-15 во износ од минимални 9 610 денари, додека на вработените во јавниот сектор нема да им следува.