Тајна локација до која само жените знаат како да стигнат
Станува збор за приватно луксузно одморалиште во Финска во кое им е забранет влез на мажите. Основачот е Кристина Рот, поранешен консултант, која ја добила оваа идеја откако била на неколку одмори во Калифорнија, и сфатила дека машкото опкружување ја уништувало целосната релаксација. Кристина решила да купи остров и го нарекла "SuperShe". Локацијата на одморалиштето е тајна, а познато е само дека се наоѓа на брегот на Балтичкото море.
Жените треба да поминуваат време со други жени. Нашата замисла е SuperShe да биде освежувачко и безбедно место каде што припадничките на понежниот пол ќе можат да се пронајдат себеси и своите желби, вели Кристина.
Островот официјално стана отворен за посетители на 23 јуни годинава. Во него сите вработени се женски и сите набавки за локацијата се обезбедени од страна на женски доставувачи. Островот може да угости само 10 гости истовремено и за истите нуди дневни активности како јога, медитација, часови за готвење, фитнес часови и бројни социјални активности.
Но, не секој може да престојува тука. Кристина е таа што сама ги бира посетителите и сите заинтересирани треба да бидат подготвени за процес на проверка преку веб-страницата на организацијата. Важно да имате неверојатна личност, да бидете оптимист и да сте опуштена, бидејќи тоа е потребно за престојот да биде забавен и возбудлив за сите, смета Рот.
Доколку сакате да резервирате место на островот постојат три ценовни пакети. Цените се движат од 3 500 до 7 250 евра, или помеѓу 2 900 до 5 900 евра, додека на неколку среќни добитнички ќе им биде понудена можност бесплатно да престојуваат.
Најосновниот пакет изнесува 3 500 евра и со тоа добивате еден од двата брачни кревети во кабината за четири лица. Доколку платите 4 790 евра ќе добиете брачен кревет во кабината за двајца, а за 7 246 евра ќе добиете целосна кабина за вас. Трите пакети вклучуваат се, освен цената на летот, и покриваат трошоци за храна, масажи, третмани на лице, како и пречек на аеродром со кола. Постои можност да се избере превоз со хеликоптер кој трае 20 минути за дополнителна цена.
SuperShe е зона без супстанции, што значи дека островот нема да ги снабдува своите посетители со алкохол.
Иако многумина сметаат дека островот е дискриминаторски настроен, Кристина вели дека целта не е да промовира свет без мажи и дека во иднина нема да има проблем со машките гости, но моментално островот е ислучиво за членовите на SuperShe заедницата.