Почнувајќи од денес, Канада ја забранува апликацијата за видеа ТикТок на сите уреди издадени од страна на владата, јави Би-би-си.
Со оваа одлука Канада им се придружи на Соединетите Американски Држави и Европската комисија во преземањето чекори поради загриженоста околу располагањето со податоците на корисниците на апликацијата што е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“.
Владиниот портпарол соопшти дека одлуката следува по проценката на главниот директор за информации на Канада, а ТикТок е опишана како апликација која „претставува неприфатливо ниво на ризик за приватноста и безбедноста“.
Би можело да ве интересира: Дали треба да се ограничи пристапот на социјалните мрежи за децата без соодветен надзор?
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека постои доволна загриженост за безбедноста околу апликацијата за да се бара промена.
„Ова можеби е првиот чекор, можеби е единствениот чекор што треба да го направиме“, изјави Трудо на вчерашната прес-конференција.