Во услови на тензична размена на закани меѓу мелничко- пекарската индустрија и Владата, крајно неизвесно е дали на крајот граѓаните ќе можат да купат поевтин леб или пак овој животен производ едноставно нема го има на одреден период.
Неколку месеци по овозможувањето субвенционирана струја, конечно „се стопи“ оптимизмот дека ќе дојде до поефттинување, па оттука како основна дилема се постави прашањето околу промисленоста на оваа мерка имајќи ја предвид подготвеноста на пекарите да ги прилагодат производите на стандардот на македонскиот граѓанин. Во моментотов на маса се многу аргументи за и против, но според универзитетскиот професор Зоран Ивановски сите укажуваат едно, а тоа е дека станува збор за комплексна ситуација со засега неизвесен крај. Според него, треба да се поздрави одлуката на Владата да ја субвенционира струјата на производителите на леб, но не и најавата за замрзнување на неговата цена.
„Разбирлива е желбата на Владата да ги контролира цените и да ја намали инфлацијата, но не може да се унифицираат трошоците за ваков животен производ и сите производители да бидат задоволни и среќни. Тие не ги набавуваат по иста цена основните суровини, особено брашното, немаат ист трошок за струја, па затоа е доста комплицирано да наметнете замрзната цена којашто ќе треба сите да ја почитуваат“, изјави Иванов за Локално. Според него, вакви мерки не се карактеристични за пазарна економија и единствено можат да предизвикаат прекин на производството. Категоричен е дека доколку владата сака да ја лимитира цената на лебот, тогаш тоа може да го направи на друг начин, односно може да понуди од сопствените резерви на брашно, а производителите да ги остави на регулираниот пазар обезбедувајќи им пониска цена на струјата.
„Апелирам владата да ја преиспита својата одлука и да понуди друга алтернатива, а тоа е обезбедување брашно по пониска цена. Имајќи предвид дека на светките берзи цената на брашното паѓа, сметам дека може да се постигне целта, а таа е пониска цена на лебот, а со тоа и намалување на инфлацијата и повисок животен стандард“, вели Иванов. Во прилог на неговите тврдења посочува дека на долг рок пазарите се тие кои дефинираат фер цена како резултат на понудата и побарувачката на пазарот. Оттука, баланисрањето го посочува како правилна политика, а тоа во случајов би значело водење сметка за стандардот на граѓаните, но и за интересите на компаниите.
Целиот текст прочитајте го на: lokalno.mk