Инспекторите се на терен и вршат надзори во однос на одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на лебот. Кога ќе завршат со контролите, кон крајот на денот, ќе има сублимација на информациите по што ќе се знае фактичката состојба, велат од ДПИ.
Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија остануваат на ставот дека ќе ја почитуваат одлуката што ја донесоа во понеделникот, а тоа е дека нема да произведуваат и да носат бел и полубел леб на полиците на маркетите.
Над 150 инспектори од Државниот пазарен инспекторат од утринава се излезени на терен и прават контроли во маркетите и пекарниците. Инспекторите проверуваат дали се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб и дали тој се продава по цена од 33 денари. Инспекторите, исто така, ќе проверуваат и кои маркети не добиле леб поради најавените закани на производителите дека нема да вршат достава на бел и полубел леб ако Владата ја замрзне цената.
„Инспекторите се на терен и вршат надзори во однос на одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на лебот. Кога ќе завршат со контролите, кон крајот на денот, ќе има сублимација на информациите по што ќе се знае фактичката состојба“, велат за „360 степени“ од Пазарниот инспекторат.
Оттаму велат дека зависно од тоа што ќе се утврди на терен ќе се донесе одлука како ќе се постапува понатаму и дали ќе има казни за оние што не ја почитуваат одлуката.
Целиот текст прочитајте го на: 360stepeni.mk