За прв пат на територија на општина Илинден се воведуваат субвенции за купување на велосипеди.
Локалната самоуправа го објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
Како што изјави градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипеди, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.
Би можело да ве интересира: Субвенција до 11.000 за велосипед и до 15.000 денари за електричен тротинет
Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 01.03.2023 до 30.04.2023 година.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.