Необичен оглас за работа се појави на рекламна страница во кој сопственик на пицерија од Земун бара помошник на помошникот на помошник на готвач за плата од 55.000 до 999.000 динари.
Иако многумина го сфатија како шега, газдата инсистира дека е сериозен и ги наведува условите што кандидатите е пожелно да ги исполнуваат:
„Да се биде нормален човек, доколку случајно има психички проблеми, пожелно би било да има документација за неговата медицинска историја.
Пожелно е лицето да може да собира до 4 (2+2), но тоа не е неопходно.
Не треба да има возачка дозвола, доволно е да знае да се врати дома без помош на друго лице во радиус од 3 км од работа.
Мобилен телефон на тач не е потребен, може да се користи и со копчиња, се додека функционираат сите копчиња.
Од познавање на јазикот доволно е прв степен српски, а од писменост – доволнжо е познавање на 12-15 букви, кирилица или латиница.
„Услови за работа: Објектот не прокиснува за лицето постојано да остане суво. Во случај на големи грмотевици, зградата има громобран кој штити и од удари на гром.
Целата столарија добро се запечатува и во исто време ги заштитува вработените од провев.
Има излез за пожар како и противпожарни апарати од модерната генерација.
Објектот е направен од многу цврст материјал така што во случај на голем земјотрес може да издржи 7 степени според Рихтеровата скала или 9 степени Меркалиева скала.
„Должности: Да пристигне на време на адресата каде што се наоѓа објектот. Да се почитува смената која трае 8 за случајно да не се задржи подолго од 1 или 2 минути.
Да не се исклучува телевизорот или музиката додека е на работа и истиот да не свири гласно.