Младите се незадоволни од образованието, безбедноста и вработувањето. Во овие 3 сектори имаат многу поголеми очекувања за условите и поволностите кои треба да им ги обезбеди државата. Ова е заклучок од дискусиите водени со средношколци, студенти и лица од младинските организации, за изготовка на Национална стратегија за млади 2023-та – 2027-ма година, при Агенцијата за млади и спорт.
Можеби ќе ве интересира: Работни места има – нема кој да работи: Младите масовно се иселуваат
Не се задоволни од ситуацијата во образовниот систем, што добиваат од нашето образование. Исто така многу се загрижени во делот на безбедноста, сајбер безбедноста, булингот, животната средина. Во последно време сме сведоци на најави за бомби, терористички напади итн. Исто така, во делот на вработувањето и претприемништвото, очекуваат поголеми поволности и услови од страна на државата- изјави Гордана Цекова, раководител на сектор за млади-Агенција за млади и спорт.
Линк до целиот текст: sitel.com.mk