
Денеска со голема радост го прославивме првиот роденден на белите лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во Скопје ЗОО, велат од Зоолошката градина.
Луна, Ана и Хана си добиле торта од своите зоонегуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а гостите уживале во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела.